Дома Фудбал Во Мадрид пресреќни: Белингам доживе неверојатна трансформација!

Во Мадрид пресреќни: Белингам доживе неверојатна трансформација!

Џуд Белингам е повторно на сцена. Чаби Алонсо забележува дека списокот на повредени играчи се намалува, а меѓу оние кои се враќаат се и оние за кои се очекува да имаат значајна улога во Реал Мадрид. Англичанецот, по Клупското светско првенство, го оперираше рамото кое му правеше проблеми речиси две години, поради што играше со болки и не беше способен да даде максимум.

Во Мадрид се надеваат дека по оваа интервенција, Белингам ќе ја врати својата форма од првата сезона во клубот, кога постигна 23 гола и запиша 13 асистенции, пишува As во текстот со наслов “Бруталната трансформација на Белингам”. Една од првите очигледни промени кај Белингам во споредба со минатата сезона е неговиот физички изглед.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Сега изгледа многу подобро. За време на првите две лета во Реал, тој доби на мускулна маса, но сега изгледа послабо, слично како во летото 2023 кога пристигна во тимот на тогашниот тренер Карло Анчелоти. Зголемената маса беше поврзана и со засилување на рамото за да се спречи повторна дислокација.

Програмата за тренинг на Антонио Пинтус му помогна да изгради мускули, но по операцијата новиот стручен штаб одлучи да го промени пристапот и процени дека за играта на Белингам е подобро да изгуби мускулна маса, за да биде „полесен“.

Оваа промена треба да му овозможи поголема брзина и агилност. Алонсо бара од своите играчи да прават дефанзивни жртви и да освојуваат топки високо на противничката половина, што бара од напаѓачите поагресивен притисок. Со помала тежина, Англичанецот ќе има повеќе издржливост да го постигне тоа.

Како што ќе напредува сезоната, Белингам треба да стане сè поважен за тимот на Алонсо. Мастантуну или Гулер можат да се најдат на клупата за да му отстапат место на Англичанецот, кој сака да стане помошник што му недостасува на Килијан Мбапе за подобра дистрибуција на голови.

Реал Мадрид засега има 100% учинок, но навивачите се уште чекаат да видат игра која ќе ги увери во целост. Враќањето на Белингам треба да донесе дополнителен квалитет и уште повеќе фудбал во тимот, заклучуваат Шпанците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал најдобар млад играч на светот, Луис Енрике најдобар тренер, Донарума голман

Вечерва е церемонијата за доделување на “Златната топка” во избор на Франс Фуд…