Дома Фудбал Видео: Мајсторија на играч од Баер од слободен удар. Хрватскиот голман немаше шанси

Видео: Мајсторија на играч од Баер од слободен удар. Хрватскиот голман немаше шанси

Фудбалерите на Копенхаген и Баер Леверкузен го отворија третиот ден од првото коло на Лигата на шампиони со возбудлив натпревар што заврши со нерешен резултат, 2:2. Данците двапати беа во водство, но Германците и двата пати се враќаа и освоија бод.

Копенхаген поведе уште во деветтата минута со голот на Јордан Ларсон, синот на поранешниот напаѓач и шведски репрезентативец Хенрик. Тој резултат од 1:0 се одржа се до 82-та минута од дуелот кога Алехандро Грималдо мајсторски погоди директно од слободен удар. Хрватскиот голман Доминик Котарски не можеше да стори ништо против тој удар. Погледнете го голот на Грималдо ТУКА. Ова е продолжение на одличната форма на шпанскиот бек кој минатата недела на натпреварот против Ајнтрахт што заврши со победа од 3:1 постигна два гола директно од слободни удари.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Данците се вратија во водство само четири минути подоцна кога Роберт погоди по асистенција на Родриго Хуескас за резултат 2:1, но Баер изедначи со автогол на Пантелис Хатзидакокас во првата минута од судиското продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За иднината на Салах се огласи и неговиот менаџер!

Ливерпул синоќа потврди дека Moхамед ќе го напушти Енфилд по завршувањето на тековната сез…