Дома Фудбал Видео: Симеоне полуде и тргна во пресметка со навивач. Интервенираа обезбедувачите

Видео: Симеоне полуде и тргна во пресметка со навивач. Интервенираа обезбедувачите

Трeнерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше смирен од обезбедувачите и одделен од публиката откако влезе во жежок вербален конфликт со еден навивач на Ливерпул. Инцидентот се случи за време на славењето на домашните по постигнувањето на доцниот победнички гол во Лигата на шампионите. Поради острата реакција, темпераментниот Аргентинец доби црвен картон. Моментот може да го видите ОВДЕ.

Телевизиските камери го регистрираа моментот кога навивач на Ливерпул му вика на Симеоне во лицето, а тој му приоѓа и му возвратува. Се разви расправија среде еуфорија на “Енфилд”, откако капитенот Вирџил ван Дајк го совлада Јан Облак во 92. минута и издејствува победа за тимот на Арне Слот.

Симеоне: „Цели 90 минути ме навредуваше“

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По натпреварот, Симеоне објасни дека неговата бурна реакција се должи на провокациите од спомнатиот навивач.

„Се наоѓаме во позиција каде што немаме право да одговориме или реагираме, и никогаш не е добро кога ние како менаџери реагираме. Кога го постигнаа третиот гол, се сврте и ме навреди. Јас сум човек, јас сум личност“, рече Симеоне.

Во разговор за Movistar подоцна додаде: „Многу се зборува за спортски дух, но тие (навивачите) целиот натпревар викаа навреди зад нашата клупа. А јас не можам да кажам ништо затоа што сум тренер. Очигледно мојата реакција не е оправдана, го навредив. Но тоа беа 90 минути непрекинато навредување. Потоа кога се свртите, а вашиот противник постигне гол, тие повторно ве навредуваат. Не е тоа така лесно.“

„Судијата ја разбираше ситуацијата. Се надевам дека екипа како Ливерпул може да го подобри тој аспект. Кога ќе ја идентификуваат личноста што го направила тоа, тоа би требало да има последици. Но, тој што треба да остане смирен и да ги трпи навредите, тоа сум јас. На мојата позиција едноставно треба да го прифатите тоа“, заклучи тренерот на Атлетико.

Симеоне пристапи и до четвртиот судија покажувајќи среден прст, но изгледаше како само да укажува на тоа што навивачот му го правел, а не дека самиот направи навредлив гест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најави ли Наполи дека Елмас ќе биде вечерва стартер во дербито од ЛШ? (Фото)

Вечерва во Лигата на шампионите својот натпревар ќе го игра и Наполи кој ќе се соочи со Ма…