
Фудбалското лето 2025 година ќе остане запаметено по Александар Исак. За неговото незадоволство, бојкотирањето на тренинзите, желбата да замине од Сент Џејмс Парк и натегнувањата меѓу Ливерпул и Њукасл за трансферот на младиот Швеѓанец. На крајот, Исак го доби она што го посакуваше, потпишувајќи за Ливерпул и стана најскапо засилување во историјата на Премиер лигата. Меѓутоа, неговото деби сè уште се чека…
Исак ја пропушти средбата меѓу Барнли и Ливерпул, но е на списокот на играчи кои Редси ги пријавија за дуелот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите (на програмата во среда, 17 септември, со почеток во 21 час).
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Анал Слот неодамна изјави дека сака постепено да го интегрира Исак во тимот, но сега потврди дека постои реална можност Швеѓанецот да заигра против Атлетико.
Постои можност да заигра. Сосема сум сигурен дека нема да ги одигра сите 90 минути, но да, можно е да дебитира – објасни Слот.
Да потсетиме, Исак речиси целото лето ги бојкотираше тренинзите на Њукасл, барајќи трансфер во Ливерпул. Очигледно, тоа му предизвика значителен пад во формата – не треба да се исклучи дека имаше и помали проблеми со повреди – па и за време на репрезентативните обврски не доби многу шанса да игра за шведската селекција