Дома Фудбал Новиот феномен на Барселона: 12-годишен талент веќе постигна 100 голови на 27 натпревари!

Новиот феномен на Барселона: 12-годишен талент веќе постигна 100 голови на 27 натпревари!

Во легендарната академија Ла Масиа на Барселона, се појавува нова ѕвезда, 10 годишниот талент, Дестини Косисо Ејиофор, кој на импресивен начин потврдува дека би можел да биде следниот Ламин Јамал. Овој млад фудбалер на само 11 години успеа да постигне неверојатни 100 голови на 27 натпревари.

Ламин Јамал со свои 17 години успеа да се наметне во првиот тим на Барселона, да ја освои титулата на Европскиот шампионат со Шпанија и да биде прогласен за дел од ФИФА тимот на годината за 2024.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, младинецот Дестини покажува потенцијал за уште поголеми остварувања. Во текот на минатата сезона, младиот фудбалер за академијата на Барселона постигна 100 погодоци на 27 натпревари, продолжувајќи сезонава во селекцијата на играчи под 12 години каде на 14 натпревари има додатни 31 гол.

Социјалните мрежи се преплавени со неговите извонредни потези, а навивачите на Барселона не престануваат да го нарекуваат новиот Јамал. Ла Масиа продолжува во полна сила и не покажува знаци на застанување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси повторно ќе игра за Аргентина

Аргентинската репрезентација во фудбал ќе биде домаќин на Гватемала на 31 март во пријател…