Дома Трансфер зона Официјално: Италијанската легенда се врати онаму каде што започна

Официјално: Италијанската легенда се врати онаму каде што започна

Поранешниот освојувач на „Златната топка“ е мотивиран пред големите клупски планови за наредната година.

Легендарниот италијански дефанзивец, Канаваро по втор пат во кариерата е претставен за тренер на кинескиот Гвангжу Евергранде, каде што работеше пред две ипол години.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тој на клупата на седумкратниот шампион на Кина ќе го замени Луис Фелипе Сколари, откако оствари одличен пласман со тимот на Тјенџин Кванџан и заврши на третото место минатата сезона.

„Многу сум горд што се вратив тука. Пред да заминав кажав дека ќе се вратам тука еден еден. За среќа од тогаш собрав одлични искуства во кинеската лига и среќен сум што се враќам. Планот на Гвангжу за наредната година максимално ме возбудва и ме мотивра да работам со овој клуб. Ќе мораме да доведеме што повеќе кинески таленти за да продолжиме да ја одржуваме победничката низа“, изјави Италијанецот.

Фабио Канаваро со тренерската работа започна да се занимава како асистент во Ал Ахли,  токму во Гвангжу доби прилика да се проба на чело на еден клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…