Тимот на Депортиво Ла Коруња е во потрага по нов тренер, а според последните информации тој би можел да пристигне од Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми пренесуваат дека легендарниот Фабио Канаваро добил понуда од славниот шпански клуб и размислува истата да ја прифати.
Депортиво во минатото имаше бројни успеси, но сега игра во шпанската втора лига и сака да се врати во елитата. Сепак, засега не им оди бидејќи е во долиот дел од табелата.
Поради таквата ситуација тие се во потрага по нов тренер и Канаваро е најблиску до клупата.
Тренерската кариера Канаваро ја градеше во главно во Азија, додека во Италија ги предводеше Беневенто и Удинезе. Многу поголем успех оствари како фудбалер.