
Фудбалерите на Нови Пазар вечерва на свој терен играат историски натпревар од европските квалификации против полската Јагјелонија во рамките на Конференциската лига, а во пресрет на овој дуел добија и големо засилување!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На официјалната страница на клубот точно на полноќ објавено е дека за Нови Пазар потпишал, ни повеќе ни помалку, туку поранешен фудбалер на италијанскиот Милан.
Оморегбе доаѓа од најпрестижната средина, бидејќи добар дел од своето фудбалско учење го поминал во академијата на Милан, а оттаму бил испраќан на позајмица во Фјоренцула 1922, Торес и Сестри Леванте.
Талентираниот офанзивец е со потекло од Нигерија, поседува и италијански пасош, а имал и настап за првиот тим на „Росонерите“. Наполни 21 година.
Фото: Принтскрин