Кога Нејмар не беше вклучен во екипата на ПСЖ за саботниот дуел против Ангерс, од клубот потврдија дека најскапиот играч во светот е повреден. Меѓутоа, сега изгледа дека станува збор за нешто сосема друго.
Шпанскиот весник „Sport“ пренесува дека Бразилецот бил разочаран од недостатокот на квалитет во францускиот фудбал и одлучил, наместо да патува во Ангерс, каде што екипата освои три бода, да остане дома и да се чува за претстојните пријателски натпревари на Бразил, меѓу кој и оној со Англија.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Пред натпреварот, Унаи Емери изјави: „Нејмар имаше мал удар на мускулот и не се чувствуваше добро. Разговарав со докторот и одлучивме да остане во Париз“. Меѓутоа, вчера Нејмар се придружи на репрезентацијата, што е контрадикторно од зборовите што ги кажа тренерот на ПСЖ.
Нејмар не само што беше дел од тренингот, туку изгледаше и во топ форма, а не на некој кој имал повреда на мускулот. „Sport“ тврди дека тоа му било само изговор за да не игра против Ангерс.
„Бразилецот е изненаден од нискиот квалитет на ривалите и малата посетеност на стадионите. Поради тоа, одлучил да се одмори пред натпреварите за репрезентацијата и да не патува за Ангерс, каде што ПСЖ играше пред 12,381 навивачи. Тоа е бројка која многу се разликува од оние пред кои играше во Шпанија“, додаде весникот.