Дома Фудбал Италија Гатузо за Пирло: Не мешајте Нутела со…

Гатузо за Пирло: Не мешајте Нутела со…

gatuso

Андреа Пирло вчера ја заврши својата блескава кариера, а по тој повод се огласи неговиот соиграч од редовите на Милан и италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо.

Гатузо и Пирло беа дел од еден од најсилните тимови во историјата на Милан во кој играа навистина големи мајстори на фудбалската игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес во италијанските медиуми посебно интересен беше одговорот на Гатузо кога беше запрашан да се спореди тој и Пирло.

„Не зборувајте глупости, не мешајте, Нутела со го*на“, одговори Гатузо и продолжи.

„Кога го гледав како игра размислував дали да ја променам професијата. Никој не го познава подобро од мене, го знам уште од неговите почетоци во репрезентацијата. Не се работеше само за неговиот квалитет тој беше животно, го имаше тој квалитет на атлетичар и затоа и играше до 38 години. Мислам дека тој мене ми помогна многу повеќе отколку јас него“, изјави Гатузо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…