Дома Фудбал Без „влакна на јазико“: Марота откри кого го нападнал Лаутаро по шокантниот пораз!

Без „влакна на јазико“: Марота откри кого го нападнал Лаутаро по шокантниот пораз!

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, не ги криеше своите чувства по поразот од Флуминенсе во осминафиналето на Светското клупско првенство.

Интер ја заврши сезоната без значајни трофеи, а Аргентинецот реши да земе работите во свои раце со силни зборови.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


“Не сакам да губам. Ако некој не сака да остане овде, нека си оди. Треба да имаме јасна цел – борба за титули”, изјави Мартинез по натпреварот во кој Интер изгуби по продолженија.

Мартинез, кој за Интер одигра над 330 натпревари и постигна повеќе од 150 голови, за прв пат вака директно истапува како лидер. Неговата порака беше недвосмислена и целеше кон оние кои, според него, не го даваат најдоброто од себе.

“Гледав работи кои не ми се допаѓаат. Како капитен, треба да го кажам ова – кој не го дава најдоброто, нема што да бара овде”, додаде Мартинез.

Претседателот на клубот, Бепе Марота, застана зад својот капитен и откри дека зборовите биле насочени кон Хакан Чалханоглу, играч во средниот ред, кој наводно се обидува да издејствува трансфер во Галатасарај.

“Да, зборовите на Лаутаро беа упатени кон Хакан. Но, нема веднаш да го осудиме – ќе разговараме со него”, изјави Марота за италијанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…