
Заврши групната фаза на Светското првенство за клубови, а последните две билети за нокаут рундата ги обезбедија Реал Мадрид и Ал Хилал, кои во одлучувачките дуели остварија убедливи победи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реал Мадрид без многу потешкотии го совлада Салцбург со резултат 3:0, со што ја потврдија својата позиција меѓу најдобрите 16.
Натпреварот го одбележа доминантниот настап на шпанскиот тим во првото полувреме, крунисан со головите на Винисиус Жуниор во 40. минута по асистенција на Џуд Белингем, и на Федерико Валверде во третата минута од судиското продолжение.
Иако Салцбург се обиде да го зголеми темпото и да се врати во мечот, сè беше решено во 84. минута кога Гонзало Гарсија го постигна третиот гол и ја осигура победата на “Кралскиот клуб”.