
Манчестер Јунајтед одигра неверојатен натпревар против Лион во четврток, а Виктор Линделоф мораше среде натпревар да го напушти стадионот и да оди во болница.
Црвените ѓаволи во четвртокот, во рамките на четвртфиналето на Лига Европа, одиграа феноменален натпревар против Лион на „Олд Трафорд“.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во Франција натпреварот заврши 2:2, а во регуларниот дел од реваншот резултатот гласеше исто. Потоа следуваа неверојатни продолженија.
Лион поведе со два голови разлика во продолженијата, а Манчестер Јунајтед во трилер завршница успеа да постигне три гола и да мине понатаму.
Сите навивачи на клубот од Манчестер ќе го паметат овој натпревар по добро, но стоперот на овој тим Виктор Линделоф сигурно нема.
Тој за време на натпреварот дозна многу лоши вести и на полувремето мораше да го напушти „Олд Трафорд“ и веднаш да оди во болница.
Причината за тоа е што доби информации дека неговиот син ја повредил главата и мораше итно да оди на операција поради тоа.
Фото: Принтскрин