Дома Фудбал Фабрицио Романо најавува: Утре може да биде решена иднината на Анчелоти!

Фабрицио Романо најавува: Утре може да биде решена иднината на Анчелоти!

Натпреварот со Арсенал може да одигра клучна улога во тоа дали Карло Анчелоти ќе остане на клупата. Постојат реални шанси да има промена на тренерот. Пред една недела шансите беа 50-50, но ситуацијата може многу брзо да се промени по натпреварот со Арсенал, објави Фабрицио Романо.

Да потсетиме, Реал во среда го дочекува Арсенал во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Англичаните во првиот натпревар на Емирати победија со 3:0. Поради овој тежок пораз, претседателот на Реал, Флорентино Перез, одржа итен состанок со Анчелоти, пишуваше Ас пред една недела. Перез му даде до знаење дека притисокот е огромен и дека во јавноста сè погласно се бара неговата смена.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шпанските медиуми исто така наведуваат дека Перез му порачал на Анчелоти дека може да остане и по крајот на сезоната, но услов е да освои значаен трофеј. Анчелоти нема да има лесна задача бидејќи е на прагот на испаѓање од Лигата на шампионите, а во домашното првенство заостанува зад водечката Барселона. Ако не успее да освои ништо, извесно е дека клупата ќе ја преземе Ќаби Алонсо.

Фото: Real Madrid C.F/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Бр…