Поранешниот славен фудбалер на Барселона, Жерар Пике во гостување во подкастот кај Касиљас даде предлог за менување на правилата во фудбалот. Особено оние поврзани со резултатот 0:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, нему не му се допаѓа фактот дека натпреварот воопшто може да заврши со таков исход, па предложи револуционерна идеја.
Тој сака тимовите да не добиваат бодови во случај натпреварот да заврши со овој резултат, што би ги поттикнало да играат поофанзивно. Многумина сметаат дека ова е паметна идеја, додека некои корисници на интернет ја нарекоа “најглупа” досега.
Пике смета дека тоа би ги натерало двата тима во завршницата да тргнат по победа.
– Нешто мора да се промени. Не може човек да оди на фудбалски стадион, да потроши 100, 200 или 300 евра и натпреварот да заврши со 0:0. Предлог за разгледување е ако натпреварот заврши со 0:0, тимовите да не добијат бод. Во 70. минута натпреварот би се отворил – рече Пике гостувајќи кај Икер Касиљас во подкастот. Според актуелните правила, секако, по бод добиваат тимовите кои играат нерешено, без оглед на тоа дали е натпреварот 0:0, 1:1 или пак 6:6. Пике предлага во натпреварите што завршуваат 0-0 ниту еден тим да не собира поени
pic.twitter.com/vjGSTAOXZk