Дома Фудбал Останато ГОЛЕМА ЧИСТКА ВО ПСЖ: Си заминуваат пет играчи, од нив три се првотимци!

ГОЛЕМА ЧИСТКА ВО ПСЖ: Си заминуваат пет играчи, од нив три се првотимци!

ПСЖ подготвува голема чистка оваа зима…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, на работ од заминување е Анхел Ди Марија, а со него, тука се наоѓаат и Хатем Бен Арфа, Адриен Рабиот, Лукас Моура и најверојатно Едисон Кавани.

Парижаните мораат да ги регулираат финансиите пред летото, кога ќе го платат Килијан Мбапе. Ди Марија нема многу опции. Заинтересирана за него е Барселона, но не сака да плати 80 милиони евра, а истиот став го има и Јувентус. Останува само опцијата трансфер во Кина.

Од другата страна, „Светците“ имаа план да го доведат Кутињо, кој да дојде го повика Нејмар. Меѓутоа, Бразилецот сака само во Барселона, или пак ќе остане на „Енфилд“. Целта на ПСЖ е да го намали бројот на играчи. Во овој момент, се проценува дека од сегашниот тим остануваат Климпембе, Маркињос, Нејмар, Курзава, Мбапе, Дани Алвеш, Верати и Тиаго Силва, најверојатно и Муние, како и неколку млади играчи.

Ниту Емери не е сигурен, не е на милост на Нејмар кој му се лути на тоа што секој тренинг троши по половина час на гледање видеа со играчите и укажување на грешки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кој е Брајан Сипенга, поради кого Англичаните стравуваа 90 минути?

Англија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство со победа која ја обезбедија…