Дома Фудбал Англиски медиуми: Пеп прави чистка во Сити, на списокот осум ѕвезди

Англиски медиуми: Пеп прави чистка во Сити, на списокот осум ѕвезди

Манчестер Сити се наоѓа на пресвртница, соочен со предизвикот на стареењето на тимот и потребата од обновување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во текот на летниот преоден рок клубот ќе има дури 10 играчи на возраст над 30 години, вклучувајќи го и Џек Грилиш, кој таа возраст ќе ја достигне во септември.

„Клучните играчи, како што се Кевин Де Брујне, Бернардо Силва, Џон Стоунс, Матео Ковачиќ, Илкај Гундоган и Едерсон, кои со години беа столбот на тимот, ќе бидат минато.

„Посебно се издвојува случајот со Џек Грилиш, кој и покрај рекордниот трансфер не ги оправда вложените пари, додека Кајл Вокер веќе замина на позајмица во Милан и најверојатно нема да се врати во Манчестер“, изјавија од англискиот тим.

Меѓу играчите се споменува и Ковачиќ, кој сезонава настапи на 30 натпревари за Сити, постигнувајќи пет гола и една асистенција. 30-годишниот играч од средниот ред пристигна во клубот летото 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…