Италијанскиот спортски новинар, Паоло Кондо во својата најнова книга со наслов „The Duellists“ пишува за интересни детали за Кристиано Роналдо кој му ги открил Валтер Ди Салвио,, поранешниот кондицски тренер на Манчестер Јунајтед. Ди Салвио говори за неговата посветеност и опсесијата на тренингот.
„Додека соиграчите на Кристиано по тренингот си заминуваа под туш, тој излегуваше на другиот дел од тренинг центарот во шума, каде што ја вежбаше контролата на топката во тешки услови. Роналдо многу време поминуваше во шума на тежок терен и ризикуваше повреди“
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новинарот Кондо во книгата пишува и за психолошките елемнти кои се дел од успехот на Роналдо.
„Роналдо има неверојатен квалитет, не само играчки, туку и психолошки. Тој го отфрла статусот втор најдобар играч во светот, сака и понатаму напорно да работи за да срушува нови рекорди. Неговата физичка подготвеност говори колку само се труди за да стане најдобар играч во историјата на фудбалот“.
„Меси израсна со проблеми со хормоните во детството, но тој се уште не физички подготвен колку Роналдо.. Аргентинецот сепак е фудбалско чудо, додека Роналдо е ‘само’ голем играч. За да го достигне највисокото можно ниво, Португалецот се претвори во вистински ‘ѕвер’.
„Секој играч ќе ви каже дека има голема волја за победа, но оние кои имаат волја и сила за што подобро да се подготват за победа, тие се оние кои ја прават разликата“, напиша Кондо во цитат за поранешниот фудбалер на Јувентус и Челзи, Џанлука Виали.
Книгата, исто така, се осврнува и на темата големото ривалство на Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, кои го извлекоја најдоброто и најлошото од модерниот фудбал.
.@PaoloCond documents Ronaldo's obsession with becoming the best in the world in this extract of The Duellists: https://t.co/cB1xfaO0AD pic.twitter.com/GIwiMWcjGV
— deCoubertin Books (@deCoubertin) October 24, 2017