Дома Фудбал Фабрегас полуде за одлуката на судиите по поразот од Јуве: Морам да го бранам мојот клуб и да кажам – доста е

Фабрегас полуде за одлуката на судиите по поразот од Јуве: Морам да го бранам мојот клуб и да кажам – доста е

Јувентус победи со 2:1 кај Комо во 24. коло од Серија А. Рандал Коло Муани ги постигна двата гола за гостите, првиот во 34. минута, а вториот од пенал во 89. минута.

Францускиот напаѓач, кој неодамна дојде во Јувентус како позајмен од ПСЖ, имаше феноменален старт во Италија. Тој постигна пет гола во неговите први три натпревари за Јувентус.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Фабрегас беше многу лут на судиите по натпреварот. При изедначување на 1-1, централниот бек на Јувентус, Федерико Гати одигра со рака. Собата на ВАР ја следеше ситуацијата, но не одлучи да го повика главниот судија да ја прегледа снимката. Фабрегас полуде поради таа одлука.

„Затоа, денеска морам да кажам доста е затоа што морам да го бранам Комо. Не зборувам во свое име, го бранам овој клуб и овој град. Знам дека сме мали, но морам да застанам во одбрана на Комо“

„Јасно ми е дека судијата на теренот не можеше да ја види оваа ситуација со Гати, но кога ВАР ја гледа таа снимка и не кажува ништо, тогаш се сомневам. Какви сомнежи? Сомнежи како се оценуваат ситуациите за некои клубови, а како за други“

“Тука сум две и пол години, не го напаѓам италијанскиот фудбал, туку фудбалот воопшто. Грешки се случуваат, но мораме да одлучиме што е пенал, а што не. Оваа недоследност го прави ВАР лоша работа за фудбалот. Верувам во ВАР кога се користи правилно”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мота за ситуацијата на Влаховиќ: Не е среќен…

Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, зборуваше за ситуацијата на Душан Влаховиќ во италијанс…