Дома Останати Кошарка Незапирливиот Јокиќ воодушеви со трипл-дабл, Денвер славеше

Незапирливиот Јокиќ воодушеви со трипл-дабл, Денвер славеше

Никола Јокиќ постигна 28 поени, додаде 10 скокови и 12 асистенции за својот 24-ти трипл-дабл оваа сезона, а Денвер Нагетс го совладаа Орландо Меџик со 112:90.

Денвер ја оствари петтата победа по ред без поголеми проблеми, а српскиот центар, еден од најголемите кандидати за Наградата за најкорисен играч (MVP), ја помина последната четвртина на клупата.

Трикратниот MVP на НБА лигата натпреварот против Орландо го заврши со шут 11/16, а повторно воодушеви со некои потези на теренот.

Јокиќ без да гледа му подаде совршена топка на Гордон за забивање, а коментаторот од натпреварот го прокоментира овој потег со: „Тој има очи на грбот.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…