Дома Фудбал Астон Вила го претстави Маркус Рашфорд

Астон Вила го претстави Маркус Рашфорд

Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд премина во Астон Вила на позајмица од Манчестер Јунајтед, соопшти клубот од Бирмингем.

Рашфорд (27) ќе биде на позајмица во Астон Вила до крајот на сезоната, со опција клубот од Бирмингем да го купи.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Би сакал да им се заблагодарам на Манчестер Јунајтед и Астон Вила што ја овозможија оваа позајмица. Се восхитувам на начинот на кој игра Астон Вила оваа сезона и на амбициите на менаџерот. Возбуден сум што ќе играм овде“, изјави Рашфорд.

Англискиот фудбалер оваа сезона забележа 24 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања и постигна седум гола. Неговиот последен настап беше на 12 декември против Викторија Плзен во Лига Европа, а тогаш тренерот Рубен Аморим реши да не му даде уште една шанса.

Рашфорд целата своја кариера ја мина во Манчестер Јунајтед, за кого одигра 440 натпревари и постигна 138 голови.

За репрезентацијата на Англија одигра 60 натпревари и постигна 17 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феликс го „запали“ Сан Сиро на дебито🎥

Милан вечерва игра протов Рома во четвртфиналето од Купот, а на „Сан Сиро“ дебитираа новит…