Дома Фудбал Англија го исфрли од тимот: Гринвуд сега ќе игра за друга репрезентација

Англија го исфрли од тимот: Гринвуд сега ќе игра за друга репрезентација

Мејсон Гринвуд по преминот во Марсеј успеа да се врати на нивото на кое беше во Манчестер Јунајтед пред скандалот што го снајде. Животот во Англија очигледно го остави зад себе бидејќи се пишува дека ќе ја смени репрезентацијата и во иднина ќе игра под знамето на друга земја.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гринвуд беше еден од најголемите таленти во Манчестер Јунајтед кој дебитираше како тинејџер и покажа дека има огромен потенцијал, но скандалот сето тоа го уништи.

Дека сака да го остави животот во Англија зад себе покажува информацијата дека Гринвуд сака да го смени спортското државјанство за да може да настапува за друга репрезентација.

Тој веќе како 18-годишник дебитираше за Англија и има право да го смени државјанството.

Се очекува дека целата документација е во ред и Гринвуд ќе добие „зелено светло“ од ФИФА за промената на спортското државјанство, па фудбалерот на Марсеј најверојатно во иднина ќе игра за Јамајка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот голман кој лани ја заврши кариерата паднал во депресија: Не знам што да правам со животот…

Легендарниот голман на Марсеј и светскиот шампион со Франција во 2018 година, Стив Манданд…