Дома Фудбал Влаховиќ ја одби Саудиска Арабија и покрај потенцијалната закана да седне на клупата

Влаховиќ ја одби Саудиска Арабија и покрај потенцијалната закана да седне на клупата

Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ нема намера да го напушти италијанскиот гигант, а според пишувањата на медиумите одбил и профитабилни понуди од Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус во зимскиот преоден рок го засили составот со услугите на Рандал Коло Муани, напаѓачот на ПСЖ.

Италијанските медиуми јавуваат и дека во плановите на тренерот Тиаго Мота е Французинот, што би значело преселба на Влаховиќ на клупата.

Сепак, Влаховиќ ја одбил понудата на Ал Наср.

25-годишниот напаѓач кариерата ја започна во Партизан, потоа се пресели во Фиорентина, а моментално настапува за Јувентус.

Сезонава постигна седум гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема промена на терминот за натпреварот Мексико – Англија

Натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу фудбалерите на Мексико и Англија…