Дома Фудбал Мегваер поклони гол. Погледнете како топката прелета над него

Мегваер поклони гол. Погледнете како топката прелета над него

Манчестер Јунајтед го совлада Ренџерс со 2-1 на „Олд Трафорд“ во седмото коло од Лигата на Европа.

Домашните поведоа со автогол на гостинскиот голман Џек Батланд. Ренџерс се врати во 88. минута со голот на Десерс, кој ја искористи лошата реакција на Хари Мегваер во 88. минута. Погледнете ја ситуацијата ТУКА.

Стоперот на Јунајтед очајно реагираше на долгата топка на Џејмс Таверние. Мегваер лошо се позиционираше, топката го прелета и дојде до Десерс, кој рутински ја претвори во гол за израмнување. Сепак, во 92. минута Бруно Фернандеш погоди на асистенција на Лисандро Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија ја почнува новата сезона во Лигата на Нации – Швајцарија е гостин во Скопје!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тод…