Аз Алкмар ја совлада Рома со 1-0 на домашен терен во седмото коло од Лигата на Европа.
Стрелец на единствениот гол беше Парот во 80. минута. Видеото од голот погледнете го ТУКА.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Римскиот клуб падна на 21. место во Лига Европа со девет бода, и мора да биде меѓу 24-те за пласман во осминафиналето.
Во последното коло против Ајнтрахт Франкфурт ќе игра за место во баражот. Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, беше лут по поразот од неговиот тим и го критикуваше начинот на кој го примија голот.
“Неверојатно е што примивме таков гол. Акцијата започна со аут, едноставно е неверојатно. За жал, тоа се случува, а не треба да се случи. Им реков на играчите да бидете внимателни затоа што АЗ оди во брзи контранапади, изјави Раниери за италијанскиот Скај Спорт.