Тој беше проектиран да биде еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и иден освојувач на Златна топка. Беше важен дел од триото на Барса, М-С-Н, кое освои се што требаше да се освои, но лошите трансфер одлуки и алчноста за пари го заковаа на дното.
Бразилецот стана најскапиот фудбалер на светот кога Пари Сен Жермен за него и плати на Барселона 222 милиони евра.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сакаше да ги предводи „Светците“ до тронот и Лигата на шампионите, а сакаше да се издигне од сенката на Меси и да ја освои „Златната топка“, но ништо не излезе од тоа.
Кога не можеше сам, богатите сопственици на ПСЖ го доведоа Мбапе, а потоа и Меси во неговиот тим, но Лигата на шампионите остана сон.
Нападот од соништата се распадна многу брзо, Нејмар го мачеа повреди, а ловот на пари го доведе до Ал Хилал кој минатата зима го плати 100 милиони евра.
Таму одигра само седум натпревари, постигна еден гол и три асистенции, а клубот го понижи со тоа што не го пријави за продолжението на Саудиска Про лига. Тренерот на тимот изјави дека Нејмар повеќе не е способен да игра на високо ниво, па неговото заминување било неизбежно.
Се зборуваше за преселба во Чикаго Фајр, но Нејмар ќе се врати на местото на успехот – од каде што започна се, кај неговиот сакан Сантос.
Оваа информација ја донесе доверливиот Фабрицио Романо, кој истакнува дека позајмицата на Бразилецот во овој тим е договорена, и дека многу брзо ќе биде претставен.
Нејмар за Сантос одигра 225 натпревари, постигнувајќи 136 гола и 64 асистенции.
Одличните настапи во 2013 година го доведоа во Барселона во трансфер вреден 88 милиони евра, а останатото е историја…