Дома Фудбал Аморим беше брутално искрен по најновиот срам на Јунајтед: Ние сме најлошиот тим во историјата на клубот

Аморим беше брутално искрен по најновиот срам на Јунајтед: Ние сме најлошиот тим во историјата на клубот

Манчестер Јунајтед го претрпе 10-от пораз во 22. коло од англиската Премиер лига, откако загуби од Брајтон на „Олд Трафорд“ со 3-1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на Рубен Аморим им нанесоа ново разочарување на своите навивачи, а португалскиот тренер даде своја изјава по натпреварот.

„Во 10 натпревари во Премиер лигата победивме на два. Замислете што е ова за навивачите на Манчестер Јунајтед. Замислете што е ова за мене. Така, дојде нов тренер кој губи повеќе од претходниот тренер. Целосно сум свесен за тоа“, започна Португалецот.

„Како што реков, нема да се променам, без разлика на се. Знам дека можеме да успееме, но треба да го преживееме овој момент. Не сум наивен и знам дека сега треба да преживеам. Ние сме можеби најлошиот тим во историјата на Манчестер Јунајтед. Знам дека сакате наслови, но го велам ова затоа што треба да го признаеме ова и да го промениме“, заклучи Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните непријатно изненадени: Еве што доживеаја пред натпреварот со Мексико на Светското првенство

Фудбалерите на Англија и Мексико ќе играат во понеделник во два часот по средноевропско вр…