Дома Фудбал Еве колку заработи Барселона со освојувањето на Суперкупот

Еве колку заработи Барселона со освојувањето на Суперкупот

Барселона го освои шпанскиот Суперкуп. Тие во финалето го совладаа Реал Мадрид во Ел Класико со огромни 5:2 и со тоа го освоија својот прв трофеј сезонава.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со оваа победа Ханси Флик го освои својот прв трофеј како тренер на Барселона. Според шпанскиот весник АС, Барселона ќе заработи околу девет милиони евра за освојување на Суперкупот.

Познато е дека Каталонците со години се во финансиски проблеми, па оваа бројка сигурно многу ќе им значи, иако на почетокот можеби не изгледа како претерано голема сума.

Од друга страна, Реал заработи седум милиони евра како финалист на Суперкупот. Барселона оваа сезона се покажа како голем проблем за Мадрид, со оглед на тоа што на два натпревари примија дури девет гола од најголемиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…