Дома Фудбал Анчелоти: Тажни сме и разочарани

Анчелоти: Тажни сме и разочарани

Барселона го освои шпанскиот Суперкуп. Тие во финалето го совладаа Реал Мадрид во Ел Класико со огромни 5:2 и со тоа го освоија својот прв трофеј сезонава.

Иако Реал водеше, Барселона постигна четири гола до полувремето, а потоа во вториот дел ја заврши работата до крај, иако од 57. минута беше во негатива поради директниот црвен картон на Војчех Шчесни.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде изјава по тешкиот пораз.

„Ова беше лоша вечер. Тажни сме како и сите наши навивачи. Не криеме дека сме разочарани, но ова е фудбал. Понекогаш победувате, а понекогаш треба да научите од поразот. Мораме да гледаме напред, нема друга опција“, изјави Анчелоти.

„Се браневме слабо, тоа беше проблемот. Не ги притиснавме добро или добро стоевме во нискиот блок, тие лесно ни даваа голови.

Игравме долги топки, а тоа не беше планот. Планот беше да играме, а ние не го направивме тоа. Им кажав дека ни е дозволено да губиме натпревари, но не како што игравме во првото полувреме“, додаде италијанскиот стручњак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eден Шпанец би можел да ја напушти Барса во јануари

Алехандро Балде ја искористи националната пауза за натпревари за да се консултира со својо…