Дома Фудбал Ѕвезда на Премиер лигата обвинет за силување

Ѕвезда на Премиер лигата обвинет за силување

Ѕвезда од англиската Премиер лига е обвинета за силување, јавуваат островските медиуми. Но, од правни причини неговото име не се споменува, само дека има 31 година, истакнат интернационалец и шестцифрена неделна плата.

Играчот е под истрага за наводно силување на две жени и сексуално недолично однесување во врска со трета жена.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Прво беше приведен во јули 2022 година, но, откако беше ослободен со кауција, продолжи да игра за својот клуб.

Полицијата сега предаде „целосно досие“ со докази за фудбалерот обвинет за силување на обвинителството.

„Гардијан“ уште во јули 2022 година објави дека клубот бил запознаен со наводите есента 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл во Мадрид отворен со неверојатно промашување

Баерн подобро го отвори дуелот, започна да го притиска Реал, изведе три корнери и имаше не…