Манчестер Јунајтед има сезона за заборав. „Црвените ѓаволи“ се на 13. место во англиската Премиер лига со само 23 бода од 20 кола. Поради ова се очекува поголем дел од играчите да го напуштат клубот, а управата да му дозволи на Аморим целосно да го реконструира тимот.
Добар дел од тимот е мета на критики, особено триесет и двегодишниот легендарен Бразилец. Многумина велат дека тој повеќе не е на елитното ниво и дека треба да оди во Саудиска Арабија.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Веќе подолго време го посакува Ал Наср, чија понуда Бразилецот веќе ја одби минатата година. Во Јунајтед заработува 22 милиони евра годишно, но според островските медиуми сега е на чекор до заминување.
За потсетување, бразилскиот играч за врска пристигна на „Олд Трафорд“ во летото 2022 година во трансфер вреден околу 80 милиони евра.
Касемиро го напушти Реал по 336 натпревари, 31 гол и 29 асистенции. Кралскиот клуб го донесе пред 12 години за само шест милиони евра од бразилски Сао Паоло, каде што започна блескава сениорска кариера. Во Ал Наср би можел повторно да заигра со Кристијано Роналдо со кого освои се што можеше во Европа.