Дома Останати Тенис Укината суспензија на американски тенисер откако откри дека боледува од аутизам

Укината суспензија на американски тенисер откако откри дека боледува од аутизам

Американскиот тенисер Џенсон Бруксби следната сезона ќе се врати на тениските терени.

Младиот тенисер го одигра својот последен натпревар во јануари 2023 година кога беше поразен од сонародникот Томи Пол, на првиот гренд слем турнир од сезоната во Австралија, каде што Бруксби ќе игра во јануари.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


По тој натпревар од 2023 година, Бруксби доби суспензија од 18 месеци, бидејќи три пати во истата сезона не се јави на повик за допинг контрола.

Суспензијата му беше укината во февруари, но сè уште не се врати на терен поради проблеми со рамото.

Бруксби беше голем потенцијал и успеа да му зададе проблеми на Новак Ѓоковиќ на УС Опен во 2021 година.

Поранешниот 33-ти тенисер во светот сега одлучи да ја сподели својата длабока интимност со целиот тениски свет – откри дека има аутизам.

„Дијагностициран ми е аутизам како многу мало дете. Не прозборев до четвртата година. Примав 40 терапии неделно. Мајка ми секогаш беше со мене и благодарение на неа сум таму каде што сум денес. Одлучив да ја раскажам својата приказна и така да ги инспирирам семејствата кои се соочуваат со истите проблеми“, напиша Бруксби во објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пријател на Ѓоковиќ го натераа да прави допинг-тест сред натпревар (Видео)

Пријателот на Новак Ѓоковиќ се соочи со неверојатна непријатност. На Јакуб Меншик му беше …