Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија премиерното издание на Интерконтиненталниот куп на ФИФА во средата во Катар.
Во финалниот натпревар актуелниот европски првак ја совлада мексиканската Пачука со 3:0 и освои нов трофеј. Капитенот на хрватската репрезентација и капитен на Реал, Лука Модриќ ги одигра последните 20 минути и на крајот го подигна пехарот.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Модриќ оваа сезона одигра 25 натпревари со вкупно 1111 минути поминати на теренот. Неговиот договор е со важност до крајот на сезоната, а сега го освои 28. трофеј во дресот на Кралевите. Во 122-годишната историја на клубот од Мадрид, ниту еден фудбалер не освоил повеќе. Еден трофеј помалку има Дани Карвахал, а два помалку има Начо кој летово го напушти клубот.
Марсело и Карим Бензема имаат по 25 трофеи. На социјалните мрежи се појави снимка од соблекувалната на Реал на која Килијан Мбапе (26) дознава дека Модриќ освоил 28 трофеи во дресот на Реал:
„Па, тој има повеќе трофеи од моите години“, изјави Французинот и ги насмеа колегите. Видеото веднаш стана вирално меѓу фудбалските фанови.
Kylian Mbappé finding out Modrić has more Real Madrid trophies than he has yeaes. 😂
— TC (@totalcristiano) December 20, 2024
pic.twitter.com/6kIuB3VC1k