Две ЛШ, две титули во шпанската лига и вкупно девет трофеи освои Фабио Коентрао додека настапуваше за Реал Мадрид.
Тој подигна трофеи како играч на Бенфика и Спортинг, а се пензионираше во 2021 година на 33-годишна возраст.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Денеска има сосема нова кариера, далеку од очите на јавноста и сосема поинаква од онаа што го прослави. По повлекувањето од фудбалот, Коентрао станал рибар.
Поранешниот лев бек на Реал и на португалската репрезентација одигра 106 натпревари за Реал, постигна еден и асистираше 11 гола во периодот од 2011 до 2017 година, кога беше позајмен во Спортинг. Во тој период тој помина една сезона на позајмица во Монако.
Денес тој тврди дека повикот да стане рибар отсекогаш бил присутен, дека така пораснал и дека својот прв брод го купил додека бил играч на Реал.