Европската фудбалска организација (УЕФА) одлучи доделувањето на домаќинството на младинското Европско првенство во 2027 година да го премести за 4 февруари следната година, иако Србија и Албанија се единствените кандидати.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Белгија и Турција ги повлекоа своите кандидатури поради зголемените безбедносни предизвици, оставајќи го Балканот како единствена реална опција за домаќин на турнирот.
Според заедничката кандидатура, Тирана треба да биде домаќин на отворањето на „Националната арена“, додека финалето би се одржало во Белград на идниот „Национален стадион“.
Првично беше планирано Извршниот комитет на континенталната куќа на фудбалот вчера дефинитивно да ги додели домаќинот на Србија и Албанија како единствени кандидати, но за потврда ќе треба да почекаме уште месец и половина. Нема дилема дека двете балкански земји ќе бидат домаќини на најдобрите европски селекции до 21 година во 2027 година – пишува „Спортски журнал“.