Дома Фудбал Бензема ќе се откаже од 100 милиони евра и ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната?

Бензема ќе се откаже од 100 милиони евра и ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната?

КАРИМ БЕНЗЕМА (36) би можел да ја заврши кариерата во летото 2025 година, тврди Релево.

Францускиот напаѓач наводно размислува да се откаже од фудбалот една година пред истекот на договорот, според кој Ал-Итихад му плаќа 100 милиони евра по сезона.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Релево наведува дека тоа сценарио му се допаѓа на саудискиот клуб бидејќи би заштедил голема сума, а Бензема би останал амбасадор на клубот со помала плата.

Во блиска иднина тој би бил поврзуван со саудискиот фудбал, но долгорочно наводно има договор со неговиот поранешен клуб Реал. Според информациите на Релев, тој би станал амбасадор на мадридскиот клуб ширум светот, особено во арапскиот регион.

Бензема професионалната кариера ја започна во Лион, од каде во 2009 година замина во Реал за 35 милиони евра.

За 14 години освои 29 трофеи, одигра 648 натпревари, постигна 354 и асистираше на 165 голови. Тој ја доби Златната топка, наградата за најдобар фудбалер во светот, во 2022 година.

Во Ал-Итихад одигра 40 натпревари на кои постигна 23 голови и 11 асистенција. Во тековната сезона е во одлична форма со 11 голови и три асистенции на 11 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој во Барселона не знае кога тимот ќе се врати на „Камп Ноу“

Иако првично беше планирано враќањето на Барселона на реновираниот Камп Ноу до крајот на 2…