Раководството на Саутемптон синоќа го отпушти тренерот на првиот тим Расел Мартин, објави англискиот премиерлигаш на својата официјална веб-страница.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со само пет бода од 16 натпревари, Саутемптон е врзан на дното на табелата во Премиер лигата, а неделниот пораз на домашен терен (0:5) од Тотенхем му пресуди на Мартин.
„Можеме да потврдиме дека донесовме тешка одлука да се разделиме со нашиот прв тренер, Расел Мартин.
Би сакале да ја искористиме оваа прилика да им се заблагодариме на Расел и неговиот персонал за сета напорна работа и посветеност што му ја дадоа на клубот на и надвор од теренот во последните 18 месеци.
Сите кои се поврзани со Саутемптон секогаш ќе имаат фантастични спомени од минатата сезона, особено од победата во финалето од плеј-офот во мај“, стои во официјалното соопштение.
Само неколку часа пред неговото отпуштање, Вулверхемптон го отпушти Гери О’Нил.