Денеска, по ждрепката што почнува напладне во Цирих, европските фудбалски репрезентации ќе ги дознаат своите ривали во квалификациските групи за Светското првенство во 2026 година што ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
На ждрепката ќе учествуваат 54 членки на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), додека Русија се уште е под санкции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Победниците од групите ќе се пласираат директно на Светското првенство во Северна Америка, додека 12-те второпласирани селекции плус четирите најдобро пласирани селекции од Лигата на нации кои нема да бидат меѓу 24-те селекции кои ќе бидат први или втори во квалификациите, ќе игра плеј-оф.
Шеснаесетте селекции кои изборија пласман во плеј-офот ќе играат на четири турнири во март 2026 година, од кои победниците ќе ги потврдат визите за Светското првенство.
Прв шешир: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија;
Втор шешир: Украина, Шведска, Турција, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Норвешка;
Трет шешир: Шкотска, Словенија, Ирска, Албанија, Македонија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Израел;
Четврти шешир: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Латвија, Литванија;
Петти шешир: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино.