Тренерот на Вест Хем, Хулен Лопетеги, чиј тим се наоѓа на 14. место во англиското првенство, синоќешната победа му ја посвети на Антонио.
Имаме многу причини зошто мораме да победуваме, но оваа е посебна. Тоа беше уште една голема причина, па победата му ја посветувам на Мичу“, изјави Лопетеги.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
На социјалните мрежи се појавија фотографии од местото на несреќата, а објавија и неколку англиски медиуми на кои се гледа уништеното Ферари.
Дејли Мејл пишува дека тој во болница закрепнува од неколку операции, меѓу кои и скршеница на ногата. И покрај тешките повреди, Лопетеги изјави дека Антонио по долго опоравување повторно треба да игра фудбал.
“За среќа, ќе може да се врати. Среќни сме што е жив. Тоа беше страшна глетка.”, изјави шпанскиот стручњак.