Дома Фудбал Фудбалерот на Вест Хем беше опериран по тешка сообраќајна несреќа, позната состојба

Фудбалерот на Вест Хем беше опериран по тешка сообраќајна несреќа, позната состојба

Фудбалерот на Вест Хем,Антонио беше успешно опериран, соопштија челниците на клубот од Лондон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерот имаше тешка сообраќајна несреќа во Лондон, а сега е потврдено дека бил опериран: „Можеме да потврдиме дека Антонио беше опериран поради скршеници на долните екстремитети добиени во сообраќајна несреќа во саботата. Тој ќе остане во болница каде што неговата состојба ќе ја следи медицински персонал“.

Не е познато колку долго ќе трае опоравувањето на одличниот напаѓач, а сите во клубот му посакуваат брзо закрепнување:

„Сите во клубот му посакуваат брзо закрепнување. Ја изразуваме нашата најдлабока благодарност до целото фудбалско семејство за поддршката што ја добивме. Искрено благодариме на брзата помош која му помогна на Антонио веднаш по инцидентот, како и на лекарскиот тим кој се уште му помага во неговата рехабилитација“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра во свој стил: Ако јас играв, ќе добиев четири црвени картони!

Легендарниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ (44) за време на Светското првенство работи како с…