Дома Фудбал Одложено градското дерби Евертон – Ливерпул

Одложено градското дерби Евертон – Ливерпул

Натпреварот од 15. коло во англискиот фудбалски шампионат, градското дерби меѓу Евертон и Ливерпул, кое требаше да се одигра од 13:30 часот на Гудисон Парк, е одложен поради неповолните временски услови, соопшти Евертон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова е прв натпревар од Премиер лигата кој е одложен поради бурата Дараг.

Во петокот беа одложени два натпревари од втората лига, Плимут Аргајл – Оксфорд Јунајтед и Кардиф Сити – Ватфорд.

Веста прв ја објави Дејвид Орнштајн, известувач на Атлетик: “Евертон и Ливерпул нема да играат. Мерсисајд дербито на Гудисон Парк е одложено поради невремето предизвикано од тропскиот циклон Дараг. Натпреварот ќе се игра во нов термин”, се вели во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го претстави Дамфрис, еве колку го плати

Реал Мадрид го потврди пристигнувањето на холандскиот дефанзивец Дензел Думфрис од Интер М…