Дома Фудбал ВИДЕО Пред осум години изненади и отиде во Кина. Сега си заминува со 200 милиони евра

ВИДЕО Пред осум години изненади и отиде во Кина. Сега си заминува со 200 милиони евра

Бразилскиот фудбалер Оскар (33) по осум години го напушта Шангај. Офанзивниот играч за врска се прости од навивачите кои го скандираа неговото име по ремито со Гвангжу (1:1).

Во кинескиот клуб одигра 248 натпревари, постигна 77 гола и запиша 141 асистенција. Освои пет трофеи, а како капитен си заминува од Шангај.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кариерата ја започна во Сао Паоло, а потоа замина во Интернасионал. Неговиот најдобар период беше од 2012 до 2017 година, кога постигна 38 и асистираше 33 гола во 203 натпревари во Челзи, двапати ја освои Премиер лигата, Лига Европа и Лига Купот на Англија еднаш.

Со оглед на тоа што играше во лондонски клуб и беше репрезентативец на Бразил, неговиот трансфер на 26-годишна возраст во клубот од Шангај во 2017 година беше изненадување бидејќи играчи кои се на крајот од кариерата најчесто заминуваа во Кина.

Кинезите го платија 60 милиони евра, а Дејли Мејл пишува дека за осум години заработил околу 200 милиони евра. Не се знае дали ќе ја заврши кариерата, ќе дојде во Европа или ќе се врати во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…