Дома Фудбал Гвардиола подготвува темелна реконструкција на средниот ред на Сити

Гвардиола подготвува темелна реконструкција на средниот ред на Сити

Пеп Гвардиола планира да донесе двајца нови играчи од средниот ред во зимскиот преоден рок, што може да значи крај на Матео Ковачиќ во Манчестер Сити.

Повредата на Родри го потресе тимот на Гвардиола, кој се најде во криза со дури шест порази и едно реми во последните седум натпревари. Атмосферата во тимот е далеку од идеална, а Гвардиола од челниците на клубот побара итно засилување во средниот ред.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Прва цел на Сити е Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, чиј трансфер се проценува на околу 60 милиони евра. Друга опција е Едерсон од Аталанта чија цена е околу 50 милиони евра. Двајцата играчи наводно се подготвени за трансфер, а Гвардиола веќе остварил контакт со нив.

Англиските медиуми, меѓу кои и Дејли Мејл, истакнуваат дека Сити има финансиски капацитет двата трансфери да ги реализира веднаш на почетокот на зимскиот преоден рок.

За Ковачиќ, кој требаше да ја преземе клучната улога во отсуството на Родриго, ситуацијата не е поволна. Неговата форма не е на очекуваното ниво, а дополнителен проблем е повредата која го става под знак прашалник дали ќе се врати на терените пред крајот на годината. Поради доаѓањето на нови играчи, Ковачиќ би можел да заврши на клупата или дури и на трансфер листата.

„На Сити му треба свежа крв, а Зубименди и Едерсон се идеални решенија. Нивното доаѓање ќе создаде силна конкуренција во средниот ред, што може да резултира со заминување на некои играчи, а Ковачиќ е еден од оние кои би можеле да бидат принудени да бараат нов клуб“, заклучува Дејли Мејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим не најде лек за „топџиите“, Арсенал лесно до победа🎥

Арсенал го победи Манчестер Јунајтед со 2-0 во дерби дуелот на „Емирати“ и така се доближи…