Дома Фудбал Адеми: Не заслуживме да победиме. Табелата изгледа катастрофално

Адеми: Не заслуживме да победиме. Табелата изгледа катастрофално

Во второто сезонско дерби кое се играше во рамките на 15. коло на Суперспорт ХНЛ, Хајдук го победи Динамо со 1:0.

Така избраниците на Џенаро Гатузо му побегнаа на Динамо со седум бода предност, додека имаат три бода повеќе од второпласираната Риека.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


И второто дерби сезонава заврши со минимална победа на Хајдук, кој во тешка игра ја притисна одбраната на Динамо на стартот од вториот дел и го постигна победничкиот гол во тој период.

По мечот пред камерите застана капитенот на Динамо, Аријан Адеми, кој поради повреда не настапи на дербито.

„Прилично е тешко да се гледа од клупата, не заслуживме ниту да победиме. Ќе направиме се за да го свртиме ова, главата горе. Мораме да излеземе како победници, нема друго.

Имаме многу повреди , но имаме и ширина, сигурен сум дека во иднина ќе биде подобро и дека ќе свртиме во наша корист. Табелата изгледа катастрофално, им должиме на навивачите да ја промениме“, рече тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…