Ливерпул го победи Реал Мадрид со 2:0 на „Енфилд“ во петтото коло од Лигата на шампионите.
Алексис Мек Алистер ги доведе Англичаните во водство во 52. минута, а Коди Гакпо во 76. минута зголеми на 2:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал можеше да се врати во игра во 61. минута, но Килијан Мбапе не го реализираше пеналот бидејќи одлично го одбрани голманот на Ливерпул, Келехер.
За мадридскиот тим Мбапе оваа сезона забележа 18 настапи и постигна девет гола. На последните два собири од нејасни причини не беше дел од француската репрезентација, а шпанските медиуми почнаа да го доведуваат во прашање неговото психичко здравје.
Минатиот викенд постигна гол против Леганес (0:3) во 14. коло од Ла Лига, а сега промаши пенал против Ливерпул.
“Се случува напаѓачите да имаат периоди кога се мачат да постигнат гол. Има лек, а тоа е трпението. Ова е тежок момент за Мбапе, особено откако го промаши пеналот.
Но, сите мораме да го поддржиме. Можеби нема самодоверба кога ситуацијата не се развива како што сакате, мора да играте едноставно.
Не можете да му судите за промашување на пенал. На сите играчи им се случува. Тој мора да продолжи да работи и мораме да бидеме трпеливи бидејќи тој е неверојатен играч“, изјави Анчелоти за францускиот напаѓач кој летово пристигна од ПСЖ.