Рeпрезентацијата Аргентина го совлада Перу во Буенос Аирес со резултат 1:0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство и со тоа ја сочува комотната предност од пет бода на првото место. Отпорот на Перуанците го скрши Лаутаро Мартинез со одличен гол во 55. минута. Неговиот гол погледнете го ТУКА.
Напаѓачот на Интер постигна гол со фантастични полуножички по еден продор и асистенција на Лео Меси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарниот 37-годишен капитен во свој стил ја измеша одбраната на Перу и испрати брилијантен центаршут кој Мартинез го претвори во гол. Во својот 191. настап за националниот тим, Меси ја забележа 58. асистенција.
Со ова се израмни со Американецот Лендон Донован на првото место на листата на најдобри асистенции во историјата на националниот фудбал воопшто.