КРИСТИЈАНО РОНАЛДО неодамна отвори официјален канал на Јутјуб каде објавува содржини поврзани пред се со неговата кариера и приватен живот, но и снима подкасти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред два месеци беше домаќин на Рио Фердинанд, поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед.
Португалецот сега најави доаѓање на нов гостин, но не сакаше да открие за кого станува збор.
„Мојот следен гостин на Јутјуб ќе го „урне“ интернетот“, рече тој и објави најавно видео на кое Фердинанд се појави уште еднаш.
Следбениците на Роналдо на социјалните мрежи се обидуваат да погодат за кого се работи, а повеќето сакаат тоа да биде Лионел Меси.