Ансу Фати своевремено беше најавуван за наследник на Лионел Меси во Барселона, но веќе сега на само 22 години доживеа нов удар, откако пред неколку дена повторно се повреди.
Одамна е јасно дека повредите ја уништуваат, или веќе ја уништија кариерата на фудбалерот кој беше Ламин Јамал, пред Ламин Јамал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој дебитираше за Барселона на само 16 години, стана најмладиот стрелец во историјата на Лигата на шампионите (17 години, 40 дена) со голот против Интер на „Џузепе Меаци“.
Неговите проблеми со повредите започнаа уште во 2020 година и оттогаш тој никогаш не бил ист.
Исто така замина на позајмица во Брајтон, но не го најде патот ниту во Англија, па ниту десетката во Барселона не му помогна да ја врати самодовербата оваа сезона.
Фати сега заработи уште една повреда на тетивата која ќе го остави надвор од терените еден месец.
Фати ја повреди десната тетива за време на тренингот и ќе биде надвор од терените најмалку четири недели“, соопшти Барселона.
Тој ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Брест на 26 ноември, како и првенствените натпревари против Селта, Лас Палмас, Мајорка и Бетис.
Фати е обврзан со договор со Барселона до 2027 година, но многумина веруваат дека оваа сезона веќе ќе му биде последна во Каталонија.