Реал Мадрид беше поразен со 0:4 во Ел Класико одиграно во рамките од 11. коло од Ла Лига на Бернабеу, а Лука Модриќ го одигра последниот половина час за домашниот тим.
Тренерот Карло Анчелоти објасни дека Модриќ влегол во игра на 2-0 за да помогне во пресврт на резултатот, но Барселона постигна уште два гола.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека во Реал владее катастрофална атмосфера по поразот, а тоа го потврдува и фактот што ниту еден од играчите не дал изјави за медиумите. Модриќ се огласи на социјалните мрежи повеќе од 24 часа по натпреварот.
„Време е да кренете глава, да учите, да работите и да туркате. Имам целосна доверба во овој тим. Одиме Мадрид!“, напиша Модриќ.