Дома Фудбал Роналдо го бара овој човек: Секоја информација е добредојдена

Роналдо го бара овој човек: Секоја информација е добредојдена

“ГО БАРАМ! Секоја информација е добредојдена”, напиша Роналдо во описот на видеото кое го објави на своите друштвени мрежи.

На видеото се гледа како навивач на Ал Наср, облечен во дресот на Роналдо, плаче од трибините и со камера ги снима случувањата на теренот.

Ова се случи за време на натпреварот од осмото коло на саудиската Премиер лига во кој Ал Наср гостуваше кај Ал Холуд.

Роналдо не го одигра натпреварот, тренерот Стефано Пиоли го поштеди од непознати причини. Се шпекулира дека одлуката е од тактичка природа и дека не станува збор за повреда.

Португалецот во текот на првото полувреме објави видео на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) на кој постар навивач го снима Роналдо со својот мобилен телефон и со солзи во очите го скандира неговото име.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинар удри по Сити: Одземете им ги сите титули и исфрлете ги!

Во англиските медиуми се известува дека на Манчестер Сити им е утврдена вината за прекршув…